-Со одлуката е предвидено доделување 28 општински стипендии во четири категории, односно 18 ученички стипендии во две категории за ученици кои учат во Средното општинско училиште „М.М.Брицо“ и 10 студентски стипенидии во две категории за студенти од Делчево кои студираат на државните универзитети во земјава, истакнаа од Општина Делчево.

Критериумите, условите и начинот на пријавување за општинските стипендии се објавени на општинската веб-страница.

-Висината на стипендиите по точка 1 од конкурсот за ученици ќе изнесува 1.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 од конкурсот за ученици ќе изнесува 1.500 денари месечно. Кај студентите, висината на стипендијата од точка 1 на конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари месечно. Ученичките и студентските стипендии кои се неповратни се доделуваат девет месеци, почнувајќи од јануари 2022 година, додадоа од Општината.

Конкурсот трае 15 работни дена од денот на објавувањето, односно пријавувањето е од 15 декември 2021 и ќе трае до 4 јануари 2022 година.