Вообичаено за викендите поради многу посетители колоната со паркирани возила е долга повеќе километри од излезот на Попова Шапка кон месноста Сидол.
-Новите комбиња за ски-центарот „Попова Шапка“ стигнаа денеска, а ќе се ставаат на располагање на посетителите со цел намалување на метежот предизвикани од големиот број возила. Од сабота ги ставаме на располагање новонабавените комбиња и обезбедуване шатл превоз од местото наречено „Сидол Камен“ до Ски – центарот и назад, информираат од Ски центарот.
Превозот ќе се организира секој викенд, од 9:00 до 14:00 часот. Претходно од таму информира дека уредени се и два дополнителни паркинзи околу хотелите Славија и Скардус.