– Нормално дека e добро што има такви средби. Јас мислам дека треба почесто да има такви средби меѓу претседателите на сите политички партии, изјави Гаши.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, Гаши рече дека, живееме во демокрaтски систем и ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори и се распuшти Собранието, нормално дека ќе се оди на избори.

Во однос на недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, Гаши рече дека добивањето датум не е единствената причина за влез на „Алтернатива“ во Владата.

– Мислам дека Алтернатива направи голем чекор кон отворање на оваа врата за почеток на преговори со ЕУ. Ако Бугарија и Европската унија се уште не се одлучни да ја отворат оваа врата во декември, мислам тогаш тоа ќе се случи во јануари, мислам дека ќе треба да почекаме. Не мислам дека тоа беше единствената причина што станавме дел од Владата, има многу причини, но ова беше навистина многу важно, и една од најважните, рече Гаши.