-Во нашата установа до сега со две дози се опфатени 2.272 граѓани, додека со прва доза моментно се 30 граѓани. Кон бројката на оние кои ги примиле двете дози од вакцината треба да се додадат и повеќе од 300 наши сограѓани кои се имунизирани во вакцинални пунктови во Скопје, како и соседните градови Дебар и Гостивар, додаде Дурмиши.
Што се однесува до епидемиолошката состојба, тој истата ја оценува како стабилна и посочува дека во изминатите три месеци нема новозаразени од опасниот вирус.
Сепак апелира и понатаму на почитување на протоколите и мерките за заштита од ширење на заразата, зашто, како што вели, битката со невидливиот непријател сè уште не е целосно добиена.
Тој до своите сограѓани и со апел што поитно да се вакцинираат зашто тоа е најефикасната заштита за себе си, најблиските и поширокото опкружување.