-ДУИ и СДСМ велат дека се многу способни и јаки, тогаш бујрум на избори, но народот знае добро што се случува во општеството, на последните локални избори кажа за кого е, односно викна дека е за промена во Македонија, сега власта сака со некаков спин да направи нова влада, но нова влада не може да се направи со истите кадри или со истите луѓе кои ќе контролираат од позади, не може да промовирате нова влада дека ќе прави ДУИ кога е цел живот во сите институции во Македонија, вели Мисајловски.
Тој појасни дека од тие причини ВМРО-ДПМНЕ вели дека парламентарни избори се потребни.
-Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели ајде ако сте подготвени да одиме на избори, а многу често во медиумите, особено во албанските медиуми се пишува дека ВМРО-ДПМНЕ е против некој етникум, но ние на овие избори добивме гласови од сите етникуми со нова стратегија „Македонија за сите луѓе“ со здружена опозиција победивме речиси насекаде, вели Мисајловски.
Мисајловски вели дека ДУИ четири години вергла како тема за Албанец премиер, затоа што нема никаков капитален проект направено и негирањето дека избори сега не смее да има, значи дека сите тие се уплашени да излезат пред граѓаните.
-Јас вчера ги погледнав последните мерења и анкетите, ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат избори ќе има предност во пратеници од било која партија во Македонија, опозицијата здружена ќе победи на следните избори кога и да се случат, затоа власта бега од избори, и сета оваа магла со давањето политичка пензија на Зоран Заев за задржување на позициите од власта, и да сокријат се што правеле до сега, со навидум нова влада, со истите луѓе, критикуваше Мисајловски.