-Последното порибување на Осломејско Езеро во оваа календарска година го извршивме денес, откако во езерото пуштивме 300 килограми крупни примероци на крап со тежина од 10 и повеќе килограми обезбедени од рибникот Жабени кај Битола, истакна Бесмир Елези претседател на спортско риболовното друштво„ Хантер Фиш“од Кичево.

Тој додаде дека порибувањето го извршиле во соработка со ЕЛС Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари, кој за оваа намена обезбеди 60 000 денари средства со кои се обезбедени овие количини на крупен крап.

-Големите примероци на крап што сега ги поседува Осломејското Езеро, уште повеќе ќе го афирмираат ова езеро кај спортските риболовци во земјава па и надвор од неа, затоа што секој од нас риболовците би сакал да улови крап капиталец тежок 10 и повеќе килиграми, додаде Елези.

Посочи дека константниот водостој на езерото и неговата длабочина од над 40 метри, како и изобилството на храна во самото езеро, се благопријатни услови за рибниот фонд во езерото, кој од година во година е се помногуброен.