-Да ги замолам сите тие политичари да не ги креваат толку многу очекувањата бидејќи на крајот народот пати. Знаете на секој три или шест месеци се креваат очекувањата кај народот дека е завршена работата. Не е завршена работата во Македонија треба на секоја една реформа да се направи нова реформа бидејќи не функционира. Видете што се случува, на граница ви поминува автобус 130 пати без никој да го примети, имаме жртви на секаде во светот, имаме потоп во здравство, имаме енергетска криза, се краде струја за потребите на државата од европските земји, истакна Мисајловски.

Мисајловски ја искоментира и одлуката на Кастриот Реџепи и порача дека тој со сигурност н е поголем европеец од него или некој друг.