СAД и нивните сојузници „одлучно ќе одговорат“ доколку Русија дополнително ја нападне Украина. Таква порака му пренел американскиот претседател Џо Бајден на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа.
Повикот е неколку дена откако Бајден одржа втор разговор за еден месец со рускиот претседател Владимир Путин во време на тензии на руско-украинската граница каде Русија распореди околу 100.000 војници.
-Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина, нагласи портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во изјавата по телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.
Украинскиот претседател Зеленски рече дека разговарал со Бајден за заеднички активности за зачувување на мирот во Европа и спречување понатамошна ескалација.
-Овогодинешниот прв меѓународен разговор со Бајден ја докажува посебната природа на нашиот однос, објави Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека се разговарало за заеднички акции на Украина, САД „и партнерите за зачувување на мирот во Европа, спречување на понатамошна ескалација, реформи“.