Од опозициската партија повторно побараа одговорност од министерот за здравство поради здравствената политика за време на кризата, поради која, како што велат илјадници граѓании починаа чекајќи вакцини, слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од ковид-19.
Исцртани над 4.108 срца на скопскиот кеј во спомен на жртвите од ковид
И
Младите од ВМРО-ДПМНЕ денеска на кејот на Вардар во Скопје цртаа илјадници срца, со спреј во црна боја, како потсетник на починатите од ковид-19 во земјава – 4.108 срца, колку што изнесуваше до вчера бројката на смртни случаи во земјава од почетокот на епидемијата.