Според најавата, телото на принцот Филип ќе почива во замокот Виндзор, пред да започне свечениот кралски погреб во дворската капела на Свети Џeорѓи.
„За жал, јавноста нема да може да присуствува на погребот поради пандемијата и кралицата размислува да одржи поскромна погребна церемонија“, пренесува Би-Би-Си.
Принцот не се сметаше себеси за доволно важен
Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје на владините згради од денес до осум часот по британско време, на денот на погребот. Деталите за погребот ќе бидат објавени од Бакингемската палата. Честа да се изложи телото пред јавноста им беше оддадена на трите последни сопруги на монархот, вклучувајќи ја и Кралицата во 2002 година, кога околу 200 000 луѓе чекаа ред да и оддадат почит во салата Вестминстер во центарот на Лондон.
Оранизацијата која помага во организирање на државни настани, рече дека плановите за погребот на војводата биле „во согласност со обичаите и желбите на Неговото кралско височество“.
Еден соработник на починатиот војвода еднаш рече дека принцот Филип „не се гледа себеси како доволно важна личност“.
Свечен кралски погреб значи дека неговата смрт ќе биде одбележана на ист начин како и смртта на кралицата мајка, додека Дијана принцезата од Велс исто така имаше еден вид свечен кралски погреб, иако во тоа време таа повеќе не ја носеше титулата Нејзиното кралско височество.
Свечени кралски погреби се одржуваат и за престолонаследниците и другите членови на кралското семејство со висок воен ранг.