Во нивната реакција се вели дека ДУИ денеска се откажа од статусот на ОНА, од еднаквоста на Албанците, од правдата, од премиер Албанец и од се што ветиле, а наместо да се повлече, ДУИ се маскира како зелена европска партија.
Рамиз Мерко секој ден сече дрвја, узурпира зелена површина, а Али Ахмети зборува за животната средина. Денеска Тетово нема вода за пиење, има загаден воздух, а Ахмети зборува за квалитет на живеење. Денеска Чаир има урбанистички хаос, без водовод и канализација, а Ахмети зборува за екологија. Денеска општина Липково живее до браната, но без вода, а Ахмети зборува за вода и зеленило, истакна Флакрон Беџети.