– Овој пат не ги исполнува основните стандарди на автопатот, нема алтернативни патишта, нема доволно ленти, а да не ја спомнувам безбедноста, за што сведочи и големиот број несреќи заради лошиот квалитет на патот и животните кои постојано влегуваат на пат. Од овие причини нема основа за плаќање за користење на овој пат, велат од коалицијата.
Затоа, како што велат, бараат да се отстрани данокот на патот до изградбата на нов автопат што веќе е неопходност.
– Доколку во рок од една недела, Владата не донесе одлука, тогаш нашата пратеничка група ќе му предложи на Собранието закон за укинување на данокот за патот Тетово – Гостивар. Ако сегашната влада има тенденција да го игнорира ова барање што доаѓа од граѓаните, тогаш ве известуваме дека на секоја улица во земјата ќе се соочите со нив. Во исто време, ги покануваме граѓаните да го кренат својот глас, да го поддржат ова нивно барање, кое ние само го официјализираме преку институциите, велат од коалицијата Алијанса за Албанците Алтернатива.