Посочуваат дека од 2018 година сè било лага.

– Фотографиите во авион, трошоците на премиерот и министрите на Владата ќе останат само уште еден доказ на измамите на оваа власт и трошоци што ќе треба да ги сносат граѓаните. Што уште треба да се случи за да зелениот Министер за надворешни работи, Бујар Османи, да признае дека е неуспешен? Што уште треба да се случи за да оваа Влада даде оставка и да се врати на повторна проценка пред граѓаните, прашуваат од Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Велат дека власта ќе се правда со Бугарија, но, велат дека сите знаат дека Европската Унија не прифаќа во нејзините прегратки корумпирани и криминализирани политичари и власт.

– Неодамна вакви проценки пристигнаа и од Вашингтон со указот на Претседателот Бајден. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има изјавено многу пати дека оваа Влада ниту земјата може да ја води кон Европа, ниту пак може Европа да ја донесе тука, велат од АА и Алијанса.