-Престанете да изигрувате жртва. Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги има почитувано и вреднувано достоинството и важната улога на жената албанка. Од друга страна, јавноста добро е запознаена кои се тие кои ги имаат обезвреднувано и навредувано албанските мајки и жени. Корупцијата и криминалот не можете да ги затскриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва. Вие треба да сносите одговорност за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово –, реагираат од Алијанса за Албанците на обвинувањата за вмешаност во организирањето на вчерашните насилни протести во Тетово.
–Ние не сме ДУИ, да фрлиме со камен и да криеме рака. Таквиот чин не е наша политичка особина. Протестите организирани од наша страна отсекогаш биле транспарентни за јавноста, и такви ќе останат и во иднина. Во меѓувреме има информации дека дел од протестантите се повикани на разговор во полициска станица. Ги повикуваме органите за јавен ред и мир, и овој хибриден режим, да престанат со уцените и притисокот врз граѓаните. Причините за инцидентите да ги бараат во нивното политичко делување, начинот на досегашното владеење, честите трагедии и присилниот пристап кон искажување протест и револт на граѓаните, велат од партијата.