Најголемиот произведувач на електрична енергија во земјата минатата година остварил приходи од 195,4 милиони евра, што е поомалку за 5 отсто во однос на 2019.
Од друга страна, кај двете компании на ЕВН се забелеќува загуба и добивка. „Хоме“ има приход од 277,3 милиони евра, пто е зголемување за 102 отсто, но сепак загубата е 11,9 милиони евра, додека „Електродистрибуција“ има 153,2 милиони евра продажба, односно раст од 5 отсто и 4,5 милиони евра профит.
Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, за Фактор вели дека лично не очекува да има зголемување на цената на електричната енергија по први јули оваа година.
Владата ќе предложи да се намали Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули.