Отидов кај обвинителот Рустеми за да разговараме за предложените докази од страна на одбраната затоа што во законски рок и ние имаме поднесено свои докази. Со дозволувањето јавниот обвинител да се произнесе за доказите на одбраната е голема навреда и за одбаната и за обвинетите, оценува адвокатот Мерџан Даути.

 

Јасно е дека јавниот обвинител не може да се произнесе по доказите предложени од страна на одбраната,јасно е дека за тоа треба да одлучи судот бидејќи тој е што носи одлуки-вели Даути.

Адвокатот смета дека обвинителот Рустеми има лична нетрпеливост кон дел од обвинетите.

На Јавниот обвинител Рустеми животна желба му е да го апси и да го гледа Миле Јанакиески и Тони Трајковски зад решетки-убеден е Даути.