Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски одби да го испитува како сведок градоначалникот на Карпош Стефан Богоев. Тој образложи дека немаат намера да го испрашуваат се додека судот не го прифати како материјален доказ УСБ на кое има пет папки од разговори, снимки и документи на Јовановски со Богоев и Заев.

Точно е дека тоа се наши сведоци,  но на претходното рочиште ни беше речено дека прво ќе бидат прифатени материјалните докази па потоа ќе се прејде на испитување на сведоците. Од таа причина одбиваме да го испитаме денешниот сведок – објасни Дукоски.

Истото беше сторено и за градоначалничката на Битола Наташа Петровска.