Адвокатот Драган Пешевски го пофали изборот на Даниела Димовска, за в.д претседател на Основиот а Основниот кривичен суд Скопје. Таа беше избрана на денешната седница на Судски совет, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд.
Пешевски за Димовска вели дека е судија кој никогаш не се потчинил на обвинителството ниту бил негова продолжена рака туку судел со дигнитет и судиска чест што е ретка во денешно време.
Пред кратко дознав дека судија Даниела Димовска е избрана за претседател на Основен Кривичен Суд во Скопје. Никогаш не сум пофалил ниту некој лично ниту ваков тип на одлука затоа што во принцип сум бил индиферентен и ми било сеедно но ова е одлука за јавно поздравување!!!
Сме работеле мал милион предмети заедно, сум добил притвори, затвори, но кога требало сум добивал и ослободителни!!! Судија кој никогаш не се потчинил на обвинителството ниту бил негова продолжена рака туку судел со дигнитет и судиска чест што е ретка во денешно време!!!
Жал ми е што нема да се гледаме во судница, но ако успее од оваа позиција дел од своите квалитети да ги пренесе на судечкитете судии верувам сите, буквално сите ке бидеме добитни!!! Ако некој и го пренесе статусот нека и пренесе и честитки!!!, напиша Пешевски на социјалните мрежи.