Меѓународниот аеродром во Палермо беше затворен во текот на ноќта поради пожар во негова близина, јавува Би-Би-Си.

Според извештаите, тоа е еден од неколкуте пожари на Сицилија, а се проширил поради ветерот.

Италија е зафатена од топлотен бран кој го зафаќа југот на Европа, а во понеделник температурите во Палермо достигнаа рекордни 47 степени Целзиусови.