Во еден дел на македонски јазик и со наратив кој го отсликува нејзиното познавање на нашите состојби, новата американска амбасадорка Анџела Прајс Агелер со изјава и предавање на акредитивните писма официјално стапи на должноста.

Таа го нарече привилегија претходниот мандат на лице во пи ар секторот на амбасадата кој и овозможил да се запознае, како што рече со оваа прекрасна земја, чија што култура , луѓе, јазици и историја ги засакала.

Прајс Агелер уверува дека иднината ќе била навистина светла и покрај тоа што земјата имала стари и нови предизвици но САД и таа лично ќе стоеле рамо до рамо со граѓаните за да успееле да ги прифатат и надминат сите тие предизвици.

Повеќе од 30 години работиме заедно за да го обезбедиме заслуженото место на Северна Македонија во поголемата европска заедница, преку поддржување на основните вредности на една просперитетна демократија – почитување на владеење на правото, еднакви можности за правда, економски раст и лично изразување, како и преку посветеност кон постигнувањето на овие цели отворено и транспарентно.Северна Македонија се соочува со предизвици во темелите на сите овие столбови – вели Агелер.

Претседателот Пендаровски нагласи дека во него и во неговиот тим, амбасадорклата Агелер ќе уживала поддршка , и дека се посветува огромно внимание на градењето и унапредувањето на пријателските и билатералните односи со САД притоа заблагодарувајќи се за поддршката во евроинтеграциите кои како што рече Пендаровски се попречени од анахрони теми и дискусии за идентитети и наметнати историски вистини.

Амбасадорката Агелер ја потенцира важноста и отстапките што ги направи земјава на патот до членството во НАТО преку кое учествува во одбраната и зачувувањето на безбедноста и стабилноста во Европа визави Руската воена интервенција во Украина.