Доказ за тоа беше присуството на Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ (наследник на Заев) на денешната средба на владините партнери Заев и Ахмети.
Се очекува Заев на средбата да го информира Ахмети дека иднава недела ќе замине од Владата и дека формирањето на новата влада се очекува до 15 јануари, како и тоа лидерот на ДУИ да се запознае со Ковачевски и да му го честита изборот за претседател на СДСМ.
Како што дознава Слободен Печат, Ковачевски, како иден мандатар, е во тек за спорот со Бугарија, дека е стабилно владејачкото мнозинство, така што повеќе нема пречки Заев да поднесе оставка, односно да остане на функцијата до средината на јануари за кога е најавен изборот на новата влада.
Потсетуваме, Ахмети претходно се спротивставуваше на оставката на Заев од премиерската функција со образложение дека Македонија е пред сериозни и внатрешни и надворешнополитички предизвици.