-Овие градежни зафати се дел од проектот финансиран од Министерството за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“. Реконструкцијата на водоводната линија е во вредност од 3.974.000 денари, објави градоначалникот на општина Велес Марко Колев.