При контролата вкупно биле откриени и санкционирани осум технички неисправни возила, сите со несправни сопирачки.

Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за возила.

При контролата, исто така, констатирани се и 16 други видови прекршоци кои биле адекватно санкционирани, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Воедно биле откриени и санкционирани и 11 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола.