Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ќе присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје доколку Бугарија дозволи неговиот авион да помине низ нејзиниот воздушен простор.
„Се чини дека Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако тоа се случи, ние ќе бидеме таму“, рече Лавров, а пренесе Интерфакс, неколку дена пред состанокот закажан во нашиот главен град за 30 ноември и 1 декември.
Зошто токму Бугарија одлучува?
Како дел од санкциите на ЕУ воведени поради војната во Украина, Бугарија го затвори својот воздушен простор за руските авиони. Македонија, членка на НАТО и кандидат за ЕУ, го направи истото. Како резултат на овие забрана досега веќе беше спречена посетата на Лавров на Белград во јуни 2022 година.
Македонија пред неколку дена одлучи да дозволи влез на рускиот авион по повод посетата и покрај забраната на нашиот воздушен простор за руските авиони. Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека Лавров може да отпатува во Скопје.
Оние кои се погодени од санкциите имаат право да патуваат, особено кога нивното патување е поврзано со причината поради која биле санкционирани, рече тој.
Зошто Македонија направи исклучок да го отвори воздушниот простор за оваа посета?
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на крајот на минатата недела најави дека се водат преговори со Бугарија и Грција за да се дозволат прелети.
„Одлуката на ЕУ е јасна, таа зборува за исклучоци за настани поврзани со ОБСЕ и други меѓународни организации“, рече тогаш Османи. „И ако дојде, не доаѓа во Скопје, туку во ОБСЕ, мора да ја разликуваме билатералната од мултилатералната природа на посетата.
Лавров исто така тврдеше дека некои западни земји побарале средба со него и тие биле на списокот со барања за разговор, а Османи за ова дополни со краток коментар.
„Ако решивме, не гледам зошто да не прифатат“, рече Османи.
Минатата година Лавров се сретна со неговиот американски колега Ентони Блинкен.
„Ако некој не бара, ние никогаш не бегаме и не се криеме“.
Дали Скопје ќе биде местото каде одново Бликнен и Османи ќе се сретнат останува да видиме на Бугарија.
Инаку, четврток и петок ќе бидат неработни денови за администрацијата и училиштата во Скопје, а градинките ќе останат отворени. Скопје ќе биде центар на геополитичките случувања.