Од недела на германската листа на подрачја и земји со висок ризик од коронавирус се ставениМакедонија и Косово од балканските земји, грчкиот остров Крит и неколку други острови во јужен Егеј, како Родос, Кос, Миконос и Наксос, како и неколку региони во Ирска, додека од листата се симнати делови од Шпанија: Канарските Острови, Каталонија, Валенсија, Кастилја и Астурија, кои досега важеа за високоризични корона-подрачја, соопшти денеска Институтот Роберт Кох. Со тоа на германската „црвена листа” ќе има околу 70 земји, кои целосно или делумно имаат статус на високоризични во однос на Ковид-19.

Патниците кои доаѓаат од земји со висок ковид-ризик, а не се вакцинирани или ја немаат прележано болеста, мора да одат во десетдневен карантин. Тој може да биде прекинат по петтиот ден, со приложување негативен корона тест.

За целосно вакцинираните и оние кои ја прележале инфекцијата, не постои обврска за карантин.