Групата, која се нарекува себеси „Заштити ја Британија“, бара британската Влада да се обврзе да помогне во „заштита на 29 милиони домови“, додавајќи дека 80 нивни активисти блокирале бројни крстосници, од кои некои се најпрометни, како и одредени патишта.

Полицијата, која беше критикувана поради својот одговор на протестите, соопшти дека уапсила неколку лица и ги растерала демонстрантите.

Групата „Заштити ја Британија“ во соопштението додаде дека ќе продолжи со протестите се додека Владата не реагира соодветно.

– Во меѓувреме, тие можат да не апсат, да не затворат, знаеме кои сме и што треба да правиме, се наведува во соопштението.

Десетици демонстранти беа уапсени во понеделникот, кога активисти организираа сличен протест на различни локации во градот, што доведе до повеќечасовна блокада и предизвика гнев кај возачите.