Претседателот на младинското движење на Левица, Андреј Куцуловски, бил приведен за време на детски ракометен натпревар на кадетите меѓу Македонија и Израел, одржан во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје. Според партијата, тој го истакнал палестинското знаме, по што интервенирала полицијата.

Од МВР информираа дека Куцуловски е приведен за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

(ВИДЕО) Приведен е лидерот на подмладокот на Левица, на натпреварот меѓу Македонија и Израел го истакнал палестинското знамe

Левица денеска соопшти дека тој е пуштен од полициска станица, со изречена казна од 550 евра за „поттикнување насилство и омраза“.

Од партијата тврдат дека при интервенцијата полицијата употребила сила. Според информации од терен пак, Куцуловски најпрво бил културно замолен да го тргне знамето. Случајот предизвика реакции во јавноста.