Последен поздрав од редакцијата

По 4970 дена известување денеска официјално престана со работа „Ал Џезира Балканс“. Тие се регионалната редакција на глобалната медиумска мрежа, која од 2011 година известуваше од клучните градови на Балканот, вклучително и Скопје.

Во својата последна програма, редакцијата испрати емотивна порака до гледачите: „Трудевме се да бидеме глас на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, културата на дијалог и етичкото новинарство. Ви благодариме што бевте со нас.“

Македонската редакција со лични пораки

Први се простија со публиката новинарките од македонската редакција, Милка Смилевска и Маја Блажевска.

„Имав огромна привилегија 14 години да работам со професионалци, почитувана, заштитена и финансиски наградена. Благодарна сум за секој ден искуство и работа“, напиша Смилевска.

Блажевска, пак, додаде: „Имав можност да направам стории што значат, да интервјуирам луѓе кои го менуваат светот. Беше чест да се работи според највисоки новинарски стандарди.“

Консолидација на мрежата, губење за регионот

Затворањето на редакцијата е дел од поширока медиумска консолидација од страна на Al Jazeera Media Network, со седиште во Доха. И покрај квалитетниот и влијателен програмски опсег, одлуката донесе празнина во медиумскиот простор кој беше препознатлив по објективност, критичка мисла и професионалност.

Извор: Скопје1