Во соопштението испратено до медиумите и потпишано од 20 професори стои дека директорот вовел осумчасовно работно време со физичко присуство во момент кога голем дел од вработените се позитивни на вирусот или се наоѓаат во самоизолација.
– Сакаме да ја известиме јавноста дека в.д директорот Фидановски во овие услови на пандемија со над 50 починати дневно и забрана за групирање на повеќе од 4 лица воведе осумчасовно работно време и повторно воведе настава со физичко присуство. Сето ова во услови кога има заболени 15 професори, стои во соопштението.
Дел од професорите кои се потпишале во соопштението не сакале да зборуваат пред камера за Канал 5, но велат дека ситуацијата со коронавирусот во училиштето е алармантна.
Од средното уметничко училиште информираат дека сите професори кои се потпишале во соопштението денес не се појавиле на своите работни места. Директорот, пак не сакал да зборува со екипата на Канал 5.
За оваа ситуација писмено реагираше и советот на родители, но в.д директорот не сакал да ја стави оваа точка на дневен ред.