Текот на процесот одблиску го следеа премиерот Еди Рама и министерката за здравство Огерта Манастирлиу.

– Откако обезбедивме значителни количини вакцини, продолжуваме со забрзана динамика. Почнавме со вакцинација на лицата на возраст над 70 години, со кинеската вакцина и се работи во четири смени. Нивните животи се во најголем ризик, а нивното ослободување од психолошката напнатост е најголемо задоволство откако се вклучив во политиката, рече Рама.

Тој искажа убеденост дека до следната пролет целото население ќе биде вакцинирано, но не ја отфрли можноста тоа да се случи порано.

– Силно верувам дека оваа туристичка сезона ќе биде ослободена од заканата на невидливиот непријател. Вакцинален пасош нема да биде потребен за туристите кои ќе сакаат да ја посетата нашата земја, додаде Рама.

Во масовната вакцинација на населението се вклучени и медицинските работници од албанската армијата.