Посочи дека серија примероци се однесени во референтната лабораторија во Германија, за понатамошна проценка.

-Институтот за јавно здравје направи анализа и се проценува дека серија примероци, идентификувани како необични сигнали, се однесени во референтната лабораторија во Германија, за да се направат дополнителни процени и да се направи геномско секвенционирање, со цел да се потврди дали делта сојот циркулација во Албанија, рече таа.

Министерката упати апел до граѓаните масовно да се вакцинираат, како најдобра заштита од било која варијанта на Ковид-19. Со овој процес, рече таа, досега се опфатени над милион и 40.000 граѓани, од планираните 2,2 милони со националната стратегија

Пред два дена „Ора њуз“ објави за два сомнителни случаи во јужниот албански округ Ѓирокастро, како први во земјата со оваа варијанта на Ковид-19, но институтот за јавно здравје негираше такво нешто.

Според телевизијата станува збор за студент од село во близина на градот и 45-годишен маж од Пермет, кои по пристигнувањето од странство покажале компликации и симптоми слични на индискиот вид на корона вирусот.