Првото жариште е регистрирано во камп во регионот Ханија во западниот дел на Крит, каде биле заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, јави весникот „Катимерини“.

Според zarpanews.gr, се верува дека вработените во кампот знаеле за заразите уште во понеделникот, но на почетокот го негирале нивното постоење.

Летниот камп ќе биде затворен до 15 јули и ќе се бара негативен брз тест од сите деца кога повторно ќе се отвори. Исто така нема да бидат дозволени посети.

Второто жариште е регистрирано во северна Грција, во регионот на Халкидики, каде се заразени 14 тинејџери.

Децата на возраст меѓу 13 и 17 години родителите веднаш ги однеле од кампот. Официјални претставници на кампот изјавија дека испразниле шест единици во кои биле сместени заразените деца. Кампот, патем, е домаќин на стотици деца секоја сезона, претежно од Солун и Халкидики.