Албанската ЦИК ги казни партиите кои ја надминале максималната граница за трошење во кампањата за парламентарните избори

А
Регион 07.12.2022. 14:00

-Казните се движат од 100 илјади до 5,5 милиони лека. Единствена партија учесник во изборите што избегна казна е Партијата на слободата, порано Движење за социјалистичка интеграција, изјави Илиријан Целибаши претседател на ЦИК.

Највисока казна, во износ од 5,5 милиони лека (46.000 евра) доби владејачката Социјалистичка партија, опозициската Демократска партија 700.000 лека (5.880 евра), две парии се казнети со по 100.000, четири со по 500.000, додека пет партии со по 600.000 лека.

Според Целибаши, партиите кои се казнети го надминале максималниот лимит на трошоци во изборната кампања по кандидати и политички субјекти. Предметните одлуки доаѓаат по ревизијата направена од правни експерти.