-На г. Христијан Мицкоски му честитаме за повторниот избор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години. Исто така им честитаме на членовите на партијата за успешниот Конгрес, како важен чекор во понатамошната консолидација на партиските структури и понудата на опозицијата. Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни. Денешната опозиција ја очекува многу работа за подобрување на условите на животот на граѓаните, а посебно во борбата со криминалот и корупцијата, економскиот развој и еднаквоста на граѓаните без никакви поделби, како основни предуслови за материјализирање на европската перспектива на земјата, велат од партијата.
Алијанса за Албанците со честитка до Мицкоски за повторниот избор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ
А
Алијанса за Албанците вечерва испрати телеграма со честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.