Алиоски кој беше одличен во победата над Ерменија уверува дека тимскиот пристап треба да се задржи, за да се испише нова историска победа пред домашната публика во Скопје.

-Ништо не се случува случајно во животот, беше тешко но сега сме среќни. Ова е резултат на напорна работа и доказ за нашиот квалитет. Блиску сме на уште еден историски чекор. Опримист сум дека ќе победиме против Исланд, Ако не победиме, иамаме резултат кој ни носи најдобар скор во квалификациите за СП. Нема фаворити во дуелот, сите мислат дека ќе ги победими, но мора да играме тимски, за победа и за историја. – изјави Алиоски.

Натпреварот Македонија – Исланд е закажан за во недела од 18 часот на „Тодор Проески“.