Новиот електронски модул за донации овозможува транспарентен увид во сите донации примени од Министерството и јавните здравствени установи
Министерството за здравство воведе електронски модул за донации со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството и јавните здравствени установи.
Модулот е достапен на веб-страницата donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален увид во секоја донација. Прикажани се податоци за донаторот, вредноста и предметот на донацијата.
Податоците покажуваат дека 85% од донациите се медицински материјали, вклучувајќи лекови, вакцини, апарати и други материјали за јавните здравствени установи.
Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави:
„Од самиот модул за донации се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – меѓународни институции, организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е потврда за довербата и значењето на нашиот здравствен систем.“
Досега се евидентирани над 400 донации, а процесот на регистрирање продолжува. Оваа бројка покажува зголемена доверба на меѓународните партнери и пријателски држави.
Целта на електронскиот модул за донации е да обезбеди координација и одобрување на донациите. Исто така, се избегнува пристигнување на опрема со различни оперативни системи или без резервни делови и сервис во земјата.
Министерот Алиу додаде:
„Со овој електронски модул за донации испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори. Секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација.“