По скандалозната одлука за разрешување на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, уште еднаш се потврди дека правосудството во Македонија целосно потфрли и тоа станува средство во рацете на политичарите и луѓето од подземјето, соопштија од Алтернатива.
„На место да се разреши судијата кој го спасил Сашо Мијалков, со тоа што дозволил застарување на неговиот предмет, се случува разрешување на претседателката на Судскиот совет.
Осудувајќи го овој чин како скандалозен и констатирајќи дека Северна Македонија потфрлува во правосудниот систем, за што пред неколку дена имавме реакција и од американската амбасадорка во земјата, Алтернатива потсетува колку е важно да се прифати нејзиниот предлог за уставно санкционирање на неможноста за застарување на предметите кои се поврзани со политичка корупција.
Освен тоа, како што се одвиваат работите во Македонија во областа на правото, многу брзо ќе бидеме принудени да бараме не само експертиза на судските предмети, за што се залагаме подолго време за предметите врз кои има сомнеж за политичка импликација, туку ќе бидеме принудени да бараме меѓународен протекторат на целокупниот правосуден систем“, истакнаа од партијата на Гаши.