Не чувствувам никаква одговорност и не постои никаква противправност во моите дејствија. Ова за Радио Лидер го вели екс директорот на АД „Пошта на Македонија“ Јани Макрадули во однос на кривичната пријава од Финансиската полиција за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 од Кривичниот Законик.
„Законитоста и јавниот интерес од секогаш биле основни начела на моето дејствување како Претседстел на управниот одбор на Пошта АД. Се работи за колективно тело каде што одлуките се носат со гласање. Јас сум бил само прв меѓу еднаквите. Во документацијата јасно се гледа мојата интенција за надминување на спорната ситуација, каде што евидентни се дивергентните ставови и погледи на различните сектори по однос на спорните фактури“, вели Макрадули.
За време на мојот мандат не сме успеале да најдеме консезуално решение на прашањето дали треба да платите фактури и потшишете спогодба во состојба на отсуство на правен основ – во конкретниот случај договор за јавна набавка, вели тој.
„Потенцирам дека цитираните фактури за мене беа затекната состојба за период пред моето назначување и јас сум делувал во согласност со начелото на совеснсот и чесност. Од тие причино убеден сум дека не постои никаква противправност во моите дејствија и не чувствувам никаква одговорност, кажа Макрадули.
Инаку во кривичната пријава на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје против лицето Ј.М., поранешен генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ стои.
-Во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари. И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање, соопштија од Финансиската полиција.
На овој начин, на АД „Пошта на Македонија“ му била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.
