Најостро го осудуваме инцидентот со видеото од болницата во Тетово. Пациентките кои се снимани се нечии мајки, сопруги, ќерки, личности со емоции на кои ни криви ни должни им се наруши приватноста. Ваков распад на јавното здравство е невиден, стои во реакција на политичката партија Алтернатива поврзана со случајот со тетовскиот анестезиолог кој снимаше пациентки и ги пренесуваше на Тик Ток.

„Уверени сме дека ова е последица на некадарноста на Алијанса да се справува со системските слабости во ресорите кои ги бараа и добија. Ниту едно оправдување не држи. За скандалот да биде уште поголем, лекарот кој го снимал видеото е сликан со министерот за здравство при негова посета на болницата во Тетово. Насмеан и среќен. Во цивилна гардероба што укажува дека е можно да не бил на работа туку специјално се појавил за министерот.Почитувани граѓани, занимавањето со политика не се само кадровските комбинаторики. Политиката е сериозна професија и не е за секого. Вие не заслужувате ваква неодговорна власт. Г. Таравари не е од вчера за да не знае што е политичка и морална одговорност. Беше министер за Здравство, работи како лекар во Клинички центар и однапред требаше да знае што значи раководење со ресорите со кои го условуваше влезот на Алијанса во Владата“, стои во соопштението на Алтернатива.

Оттаму додаваат дека не е доволно случајот да се пријави само во МВР.

„Неопходна е политичка одговорност за вакви скандали кои се надвор од сите етички стандарди за лекарската професија. Најмалку што може да стори Министерот за Здравство е веднаш да го разреши директорот на болницата во Тетово. Бараме одговорност сега и веднаш.Алтернатива нема да молчи пред овие скандали, туку ќе ги користи сите механизми за заштита на достоинството и моралот на пациентите во која било здравствена установа“ стои во соопштението на Алтернатива.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Фатмир Реџепи во изјава за медиумите вели дека анестезиологот е осомничен за непочитување на професијата и неовластено снимање