Амбер Хард не ги донирала ветените седум милиони американски долари во хуманитарни цели, истакна Теренс Доерти, претставник на Американската унија за граѓански слободи (АКЛУ), една од засегнатите установи.
Од сумата којашто глумицата во 2016 година јавно изјави дека ќе ја подели меѓу две хуманитарни установи, само 1,3 милиони долари досега се донирани на името на Хард, што вклучува донација и од самиот Џони Деп.
Илон Маск нема да сведочи на судењето за најновиот спор меѓу Амбер Херд и Џони Деп, но вчера беше откриено дека, наводно и тој платил за дел од донацијата на Хард, на АКЛУ.
Откако Хард и Деп се договорија околу разводот во 2016 година, таа јавно вети дека ќе ги донира парите на две хуманитарни установи – АКЛУ и Детската болница во Лос Анџелес. Потоа таа во повеќе наврати, вклучително и пред Врховниот суд на Велика Британија во Лондон, во 2020 година изјави дека донирала како што ветила.
Сепак, според наводите, ниту една организација не ги добила парите во целост.