Канадската Влада до Парламентот поднесе предлог-измени на Кривичниот законик, околу казните за идните можни злосторства и прекршоци извршени на Месечината, објави Си-би-си.

Националниот Кривичен законик веќе предвидува одговорност за канадските астронаути за евентуални престапи при престој на Меѓународната вселенска станица – МВС. Се смета дека секое незаконско дело извршено од канадски државјанин таму, е еднакво исто како да се случило во Канада. Промените се резултат на пристапувањето на Канада во проектот „Лунар гејтвеј“ (Месечева порта), чии членови планираат патувања на Месечината.

Во декември 2020 година, Канадската вселенска агенција (КСА) и американската НАСА потпишаа договор со кој се потврдува учеството на Канада во проектот „Лунар гејтвеј“.