Но, според новите препораки, маските ќе мора да се носат во случаи кога има метеж и кога истиот не може да се избегне.

– Целосно вакцинираните луѓе наскоро може да се вратат во нормала – рече Ксавиер Бекера, секретар на Одделот за здравство и социјална помош

– Вие сте вакцинирани. И, погодете што? Можете да се вратите во нормален живот. Вие не сте вакцинирани, сè уште сте во опасност. Значи, вакцинирајте се – изјави Бекера.

– Откако ќе се вакцинирате, можете да излезете надвор и не мора да носите маска – додаде тој.

Но, тој даде и неколку спротивставени тврдења во својата презентација. Прашан директно дали вакцинираното лице може да престане да ја носи маската надвор, Бецера рече:

– Ние сакаме да се вратиме во нормалниот живот, сакаме да ја започнеме економијата, сакаме луѓето да се вратат на работа, да отвораат ресторани. Треба да се направи на вистински начин, а маските помагаат. Вакцините помагаат, но маските сепак се многу важни – рече тој.