Американската Амбасада во Русија денеска соопшти дека амбасадорот Џон Саливан се вратил во Москва по двомесечно отсуство.

„Денеска се вратив во Москва“, напиша Саливан на Твитер, додавајќи дека е подготвен да работи со руските колеги за постигнување „стабилни и предвидливи билатерални односи“.

Неговото враќање во Москва доаѓа неколку дена откако рускиот амбасадор Анатолиј Антонов се врати во Вашингтон.

Враќањето на амбасадорот е дел од договорот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, на самитот што се одржа на 16 јуни во Женева.

Дипломатските односи меѓу Москва и Вашингтон се влошија набрзо откако Бајден дојде на власт во јануари. Американските власти ја обвинија Русија за хакерски напади и мешање во изборите во САД.

Руските власти во март го повикаа својот амбасадор во САД на консултации, откако Бајден го спореди Путин со „убиец