Во текот на вчерашниот ден, Скопје повторно со висока загаденост. Како што и во текот на вчерашниот ден објави нашата редакција, Скопје вчера беше на високото 12-то место на листата на најзагадени градови во светот. Вчера нивото на PM10 честичките изнесувало 140 што го прави воздухот небезбеден за здравјето и еден од најзагадените градови во светот.
Што го загадува Скопје?
Секоја зима скопјани со исти проблеми. Според истражувањата над 3.400 луѓе годишно умираат од аерозагадувањето. Причините за високата аерозагаденост се во природната положба и човековите влијанија. Според истражувањата и природните услови, поставеноста и положбата, во скопската котлина има „еко-капацитет“ за град со најмногу 200.000 жители.
Автомобилите дневно испуштаат преку 300 тони јаглерод диоксид.
Според некои анализи најголем проблем за загадувањето се автомобилите. Големата концентрација и циркулација на возила во централното градско подрачје доведуваат до ова. Истражувањата говорат дека од возилата во Скопје дневно се исфрла преку 300 тони јаглерод диоксид. доведува до долготрајно задржување на издувните материи (чад, прашина, гасови). Нашиот возен парк е без еко стандарди. Половина од регистрираните возила во Македонија, бројка над 200 илјади, нема исполнето еуро 0 и еуро 2 стандарди, што значи немаат катализатори за издувните гасови и испуштаат штетни материи.
Греење со дрва
Согорувањето на биомасата или горењето огревни дрва се уште еден најголем загадувач на воздухот во Скопје. Ова го покажува мониторингот на квалитетот во воздухот од реномирани институции.
Неосновани обвинувања кон УСЈЕ, Макстил и Скопски Легури
Честопати се отвора прашањето што, како и зошто го загадува Скопје. Граѓаните кога ги изнесуваат своите ставови по оваа тематика често „по дифолт“ ги обвинуваат УСЈЕ, Макстил и Скопски Легури. Но, вчера се докажа спротивното. Како тоа вчера Скопје повторно беше многу загадено кога не работеа наводните „загадувачи“!?
И скопската градоначалничка Данела Арсовска испраќаше кривични пријави кон УСЈЕ, но од оваа анализа се гледа дека таквите пријави биле неосновани.
Во продолжение пренесуваме и објава од државниот инспекторат за животна средина.
Скопје во периодот околу Новогодишните и Божиќните празници се соочуваше со високо ниво на аерозагаденост и неколкудневна магла, што го врати градот на листата на најазагадени градови во светот, според апликациите кои собираат вакви информации.
Време е за брзи и сеопфатни мерки, но не по цена да се обвинуваат оние кои не се загадувачи.