ВМРО-ДПМНЕ денеска слави 34 години постоење. Овој партиски роденден се разликува од претходните бидејќи паратијата е на чекор до целосно преземање на власта. Пред само еден месец партијата оствари голема победа на парламентарните и претседателските избори. Веќе неколку недели претседателскиот кандидат од оваа партија, Гордана Силјановска Давкова стапи на функцијата претседател.
За релативно кратко период ВМРО-ДПМНЕ успеа да се консолидира и да го скрои министерскиот состав. Мандатарот Мицкоски го состави новиот владин кабинет кој веќе утре ќе биде презентиран во Собранието.
Ова се адутите на Мицкоски и предлог идни министри
Потпретседателите добиваат министерски позиции. Вицепремиер и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски, министер за одбрана ќе биде Владо Мисајловски, додека пак Тимчо Муцунски ќе преиде во Министерство за надворешни работи. Секторот финансии ќе го раководи Гордана Кочоска Димитриеска.
Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за министер за внатрешни работи е предложен доскорешниот технички министер Панче Тошковски. Министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе му припадне на Стефан Андоновски, за локална самоуправа Златко Пирински.
Во новото министерство за енергетика, рударство и минерални суровини за министерка ќе седне Сања Божиновска. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Министер за образование и наука Весна Јаневска, за култура и туризам Зоран Љутков, за спорт Борко Ристовски.
Коалиционите партнери од „Твоја Македонија“ добиваат дел од колачот
Вицепремиер за политички систем е Љупчо Димовски. Иван Стоилковиќ е предлогот за односи со заедниците и Шабан Салиу, за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.
„Вреди“ со неколку министерски места
Од коалицијата „Вреди“ ќе бидат назначени Изет Меџити за вицепремиер и министер за животна средина, Арбен Таравари за министер за здравство, вицепремиер за евроинтеграција треба да биде Орхан Муртезани, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а министер за економија и труд Бесар Дурмиши.
Две министерски места и за ЗНАМ
Од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе добијат дел од позициите. Овде на клучните позиции ќе бидат министерот за правда Игор Филков и министерот за администрација Горан Минчев.
ВМРО-ДПМНЕ слави 34 години постоење
Со слоганот „Завет, слобода, иднина“ ВМРО-ДПМНЕ слави 34 години постоење. Партијата низ овие години на независна Македонија помина различни предизвици, а сега доаѓа повторно да власт. Народот им даде голема доверба на изборите, а за очекување е истата да биде оправдана.