Таа истакна дека иако сега СДСМ бара биографии од новите членови, треба да се знае дека одбиваа да ги доставуваат биографиите и на членовите на управни и надзорни одбори и никогаш не ги доставија.
– СДСМ во изминативе 5 години откако е на власт во државата ги прекршува сите принципи, правила на однесување и законски постапки. СДСМ никогаш не ги достави биографиите на сите членови кои ги постави во сите управни и надзорни одбори, како и раководители на институции, рече таа.
Андоновска нагласи дека постои разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави сите биографии на сите членови кои ги предлага.
– Ќе ги добиете сите до една биографија на луѓето кои ние ги предлагаме. Вие барате принципи и правила, а ниту еднаш не доставивте ниту една биографија, се уште не знаеме кои се тие кои беа во институциите и раководеа со нив и ги уништија, потенцираше Андоновска.