За првите 82 дена вети мапирање на депонии и за прв пат има казна од 88 илјади евра за недозволено исфралње шут, ќе го промени линискиот сообраќај и ќе има нови линии и ги има, отворање на телефонска и имеил адреса за граѓаните, за 100 дена има 220 барања, а 150 решени, двосменско е работењето, намалување на цени на паркинзи од 25 проценити и тоа е во тек, рече Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.
Според него 4 години претходниот градоначалник Петре Шилегов не беше прашан за ништо и не може нападите да почнат толку рано. Тој се осврна на тоа што се правело, а што се прави сега. Андоновски укажа треба да се разговара со факти.
„Директорот на Водовод купил најнов Самсунг телефон и тоа го има во извештај. Исчистена е депонија во Крњево, а тоа е депонија која постои 4 години, имаше и на Пвомајкса, исто во Ѓорче, а сега нема. Факт е дека за 4 години постоеле, а сега не постојат. Факт е дека во Аеродром се исфрлаше отпад кај ФФМ, а сега ќе изникне најубавиот парк. Факт е дека претходно се потплаќање агеции, се правеле рејтинзи и тоа е разликата сега се работи“, рече Андоновски.
Во контекст на новогодишното китење на Скопје, Андоновски рече дека истото е од донации кои се во некоја законска процедура.
„Во законска процедура е донацијата за китење на Скопје. Ние имаме ситуација кога во Скопје 15 проценти живеат со помалку од 100 денари на ден и не им е гајле за китењето. Потоа Градот има 150 милиони евра долг, и нереално е вие да расфрлате 250 илјади евра за китење“, рече Андоновски.