Затоа што ние како пратеници слично како и со Преспанскиот договор ќе бидеме информирани, односно дознаваме повеќе од нашите пријатели од Грција нашите колеги пратеници, отколку што бевме информирани внатре каде што требаше да биде информирањето“,истакна Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија.

Стоилковиќ додаде дека неколку пати имаше напор за да се појави Бујар Османи и да ги информира пратениците за што се говори во преговорите со Бугарија.

-Доаѓаме во ситуација да имаме паралелни врски во регионот и преку паралелни врски да дознаваме она што се случува во преговорите. На пример кај нас со голема доза на оптимизам беше дочекан изборот на новиот бугарски премиер Петков, со првичните најави. Но, меѓутоа оној што посериозно ја познава бугарската политичка сцена знае дека господинот Петков иако е хрватски ученик тој е тука само за економијата и за контакти со Брисел. Дека вистинската односно главната сила во Република Бугарија се наоѓа во рацете на Радев. А, тој маестрално изигра една политичка игра преку три круга на парламентарни избори и дојде на власт и инсталираше сопствена Влада. Втората работа што македонската јавност доволно не е информирана тоа е дека министер за надворешни работи стана од партијата на Слави Трифонов, Теодора Генчоска која е историчар и е позната по многу рестриктивни ставови кога станува збор за македонскиот народ, за македонскиот јазик и воопшто за македонската држава, рече Стоилковиќ.

Стоилковиќ посочи дека можни позитивни решенија со Бугарија тешко дека ќе има. Во мај се е поочигледно дека Македонија нема да добие датум за преговори.