Македонија последните пет години нема ниту една нова странска инвестиција и ова го кажувам одговорно дека државата заборави како се привлекуваат инвестиции со оваа влада. Зошто? Затоа што поважно беше да се пакуваат куферчиња пари од потенцијални инвеститори, затоа што полесно е македонските газди блиски до фамилијата Заеви да исплаќаат минимална плата, наместо да натпреваруваат со странските во повисоки примања и затоа што полесно е да водите корумпирана влада затоа што немате странски компании и комори кои ве надгледуваат. Во ваква една состојба Македонија е на работ на опстанокот, вели Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во емисијата Филибастер на Радио Лидер.

Андоновски потенцираше дека корумпираност има во сите пори на општеството и токму поради тоа се иселуваат голем број на граѓани, додавајќи дека ако вака се продолжи државата ќе се испразни од било каков човечки потенцијал.

Ако продолжиме на ваков начин на декаденција, на не развој, на корумпираност на сите пори на општеството нема да издржиме уште еден изборен циклус, како општество ќе бидеме испразнети од било каков човечки потенцијал бидејќи граѓаните многу лесно заминуваат и веќе нивото на трпение кое го имаат веќе не постои. Се иселуваат не само млади образовани кадри, се иселуваат и цели семејства, вработени лица, изјави Андоновски.

Ако дозволиме ова да продолжи одиме во многу лоша замка да ние немаме држава која што ќе треба да се развива, немаме да имаме што да развиваме, рече тој.