Се става под контрола пожарот што претпладнево ги зафати бараките „лепенки“ во населбата Карпош, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, објави Ангелов.

Нема информации за повредени или настрадани лица, наведе Ангелов.